македонски

Tafel-web.jpg

Драги родители, драги воспитувачи!
Добредојдовте во Келн!

Децата од 6 до 18 години мора да одат на училиште.
Ова се потребните чекори за да го запишете Вашето дете во училиште.
Со задоволство ја очекуваме Вашата посета!
Вработените на Општинскиот центар за интеграција

Подготовка

1. Се јавувате до Општинскиот центар за интеграција. Телефонскиот број е (0221) 221 29292. Таму ќе добиете термин за советодавен разговор во рок од една недела.

call for an appointment

2. На овој термин отидете заедно со Вашето дете. Носете го со Вас Вашиот пасош и (ако е можно) Уверението за местожителство. Ако имате свидетелства од Вашето дете, носете ги со Вас.

3. Ако сте во можност, дојдете со некој кој зборува малку германски. Вработените на Општинскиот центар за интеграција зборуваат повеќе јазици.

Во општинскиот центар за интеграција

4. Вработените ќе разговарат со Вас за тоа кога е родено Вашето дете, кој јазик зборува и колку време било во училиште. Вработените сакаат да знаат и дали Вашето дете знае да зборува германски или не.
Во Келн има специјални класови во кои може многу да се научи германски. На советувањето ќе дознаете сè за овие класови и различните видови на училишта.

5. Потоа Општинскиот центар за интеграција ги испраќа информациите за Вашето дете до просветната служба на Град Келн.

По советувањето

6. Во меѓувреме ќе добиете термин кај здравствената управа. Тоа е важно, бидејќи секое дете мора да биде прегледано пред да може да тргне на училиште. При договарањето за терминот со здравствената управа ќе Ви помогне Општинскиот центар за интеграција.

7. Просветната служба на Град Келн потоа ќе Ви испрати писмо. Во него стои во кое училиште може да оди Вашето дете.

8. По добивањето на писмото од просветната служба и одењето на Вашето дете во здравствената управа, Вашето дете може да тргне на училиште. Ви посакуваме многу успех!

Опис на патот

Адресата на Општинскиот центар за интеграција е: Rheingasse 11, 50676 Köln.
Потребен Ви е термин за советувањето. Јавете ни се. Нашиот телефонски број е: 0221/ 221 29292.

Како да не најдете? Мора да дојдете до постојката „Heumarkt“. Таму ќе ја видите пивницата „Malzmühle“. Лево покрај „Malzmühle“ се наоѓа една многу мала улица која се вика „Börsengässchen“. Таа води до улицата „Rheingasse“. Rheingasse 11 е веднаш лево.

Нашите канцеларии се на приземјето.